Насловна
Стрип информации
За проектот
Автори и дела
Македонија
Бугарија
Косово
Досегашни изданија
Активности
За нас
Контакт со нас
Линкови

Посетители

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterToday29
mod_vvisit_counterThis week457
mod_vvisit_counterThis month3893
mod_vvisit_counterAll days345042

Online (20 minutes ago): 6
Today: Јул 26, 2017
 
Македонија PDF Печати Е-пошта

Дарко Богданов. Роден на 04.04.1984 во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во Скопје и ликовна академија Во Софија, Бугарија. Учествувал на повеќе стрип салони и работилници, во Велес, Лесковац и Белград. Добитник на втора награда на Стрип салонот во Велес во 2008 година. Објавувани повеќе стрипови во Стрип Арт и Креатор.

Еден од цртачите на проектот  "Full Circle" со кој зема учество на Биеналето за млади уметници одржано во Скопје, месец септември 2009 година.

Работел исто и за Бугарскиот стрип издавач ИЕКК Комикс,и во филмскиот центар "Nu Image" во Софија, како сториборд цртач. Моментално живее и работи во Виница. http://darbog-darkmore.blogspot.com/

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон



Димитар Торбаков. Роден 3 Септември 1988 год. во Скопје, Р. Македонија. Средно завршено образование во ДСУ Лазар Личеноски во класата на проф. Ангеле Гавровски. Студент на Факултетот за Ликовна Уметност во Скопје во класата на проф. Антони Мазевски. Моментално 3 година на студии.

email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

сценарио, цртеж,  - Димитар Торбаков, Графичко едитирање - Ненад Михајлов

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон




Иванка Апостолова. Авторка на кратки стрипови, сценограф и костимограф. Живее и работи во Словенија. Создава кратки колажни стрипови и стрипови во комбинирана техника. 

Нејзините стрипови се објавени во повеќе стрип магазини и списанија од областа на културата: Лифт, Град, Студентски збор, Арт република – Македонија; Апокалипса, Стрипбургер, Стрипурек, Гледалиски лист, Контејнер – Словенија; Kerozene, Med connections – Италија; Milk & Wodka – Швајцарија. Настапила на самостојни и групни изложби во повеќе градови: Скопје, Љубљана, Постојна, Васто, Нирнберг, Берлин, Дунауварос, Загреб...

Води кратки стриповски работилници и предмет Визуелна деконструкција на приватната школа Stuart Famul, Љубљана. email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , www.ivankaapostolova.com.

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон


Јана Лазаревска. Родена на 31.12.1991година во Скопје. Ученик во СУГС "Јосип Броз Тито" - Скопје.

Со цртање се занимава скоро 3 години. Ова е нејзиниот втор стрип изработен во 2009 година.


mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон





Димитриј Михајловски. Роден на 05 ноември 1986 година во Велес. По средното уметничко училиште во Скопје, каде матурира како графички техничар, продолжува на факултетот за ликовни уметности, исто така во Скопје, каде во моментов ја завршува третата година од своите педагошки студии.
Од кога знае за себе се занимава со стрип и илустрација, најнапред како неизбежно хоби, а подоцна и како професионален начин на живот. Последниве неколку години работи како илустратор на учебници и списанија за Табернакул и Просветно Дело. Има објавувано стрипови и илустрации во Кул Стрип Арт Антологија, Екстрим, Велес, Стрип Арт, Креатор, Другарче и други разни списанија.

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон




Беатрис Петровска. Родена 1996 година. Учи во О.У. Кузман Јосифовски Питу во Скопје, и е осмо одделение.

Покрај цртањето и стриповите, работи и анимирани филмови. Има веќе два
позади себе, а во моментов работи и на третиот анимирам филм.

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон






Весна Ничевска - Саравинова. Родена на 24 Август 1977 година во Скопје. Дипломира сликарство  со сценографија 2001 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата  на проф. Родољуб Анастасов.

Учествувала на повеќе групни изложби и ликовни колонии.

Мажена со две деца, живее во Скопје.

mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон




Јовче Крстителче. Роден е 30.12.1978 во Битола. Дипломирал на Филозовски Факултет во Скопје, отсек Психилогија.

Работи како сценарист на повеќе македонски стрипови, кои се преставувани на повеќе изложби во Македонија и пошироко.

Работи и со фотографија, и учествува во изработката на кратки филмови.

На овогодинешниов стрип салон учествува како сценарист на делата на Весна Ничевска Саравинова - Моргана и Виктор Лозанов - Сентинел.





Игор Јовчевски. Роден 1976 г во Скопје, Стрип-цртач, илустратор
Завршил  Факултетот за Архитектура, Скопје.

Работи како независен илустратор и стрип-цртач за македонски и странски издавачки куќи.
Има објавувано во списанијата: Стрип Арт и Креатор (Македонија), Тинк-Тенк (Србија), Рe (Хрватска), Апокалипса (Словенија).
Добиено награди: 1ва награда ЗЛАТЕН СТРИП на Меѓународниот салон на стрип ВЕЛЕС 2007, награда за најдобар млад автор на фестивалот ЛЕСКОВАЦ 2007

Повеќе на  www.igorcomics.blogspot.com

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон



Смиле Цветановски. Роден 1967 во Скопје. Завршено средно уметничко училиште и Академија. Првите илустрации ги објавува во хрватскиот научно фантастичен  магазин "Сириус", а потоа и во "Алеф". Има објавувано во "Макстрип" и "Студентски збор", а 1997 година беше уредувач на списанието "Тотем".


Во последниве години работи како дизајнер и илустратор, претежно на рекламни плакати.

Редовен учесник на активностите кои ги организира Стрип центарот на Македонија-велес

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон




Никола Темков. Роден е 08.10.1977, Скопје, Македонија. Стрип - автор и илустратор. Завршил факултет за француски и англиски јазик.

Неговите стрипови се објавувaни во списанијата: “Стрип Арт”, “Креатор”,  (Македонија),  “Апокалипса” (Словенија), француското издание “Frankopholie”, како и американските изданија “Sawdust” и “Stalker”. Моментално работи на веб-стрип што излегува неделно во Канада.

Работел на илустрации на неколку објавени книги и сликовници и тоа за различни издавачи од Англија, САД, и Македонија.

Има и  работно искуство како илустратор/дизајнер на списанија во Македонија. Има  учествувано на повеќе изложби во Македонија, Србија, Грција и Чешка.
mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   Art блог: http://temnik.blogspot.com/ 

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон



Горан Мазнев. Роден е 1965 година во Велес. Автор е на неколку стрипови, учесник на неколку стрип работилници. Се занимава и со копаничарство. Хоби: аикидо

Помага во организирањето на стрип училиштата и едукативните стрип работилници за помладите категории.

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон





Виктор Лозановски - Сентинел. Роден е 17.02. 1980 година во Битола. Дипломирал и магистрирал на "Националната Академија за Уметност" во Софија, Бугарија.

Се преставил на повеќе изложби во земјава, а работи и како илустратор на книги.

На овогодинешниов саем се преставува со со свое дело на текст на Јовче Крстителче.

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон




Никола Талевски.

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон


Јордан Коцевски.  Роден на 25.01.1983 година во Охрид. Образование - магистер по туризам и угостителско; вработен како помлад асистент на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид.


Со пишување се занимава многу одамна, но првото објавено дело му е септември 2001та со наслов „Време за живеење“ - збирка од кратки детективски раскази.

Како стрип сценарист започнува да работи од неодамна, и има напишано неколку стрип сценарија.

Кликни да го видиш делото за овогодинешниов стрип салон

 

ПОКРОВИТЕЛ

Автори

Forum