Насловна
Стрип информации
За проектот
Автори и дела
Досегашни изданија
Активности
За нас
Контакт со нас
Линкови
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics
  • Balcan Comics

Посетители

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterToday128
mod_vvisit_counterThis week128
mod_vvisit_counterThis month4312
mod_vvisit_counterAll days340235

Online (20 minutes ago): 5
Today: Јун 25, 2017
 
Половина век за „Астерикс“ PDF Печати Е-пошта

Во Франција се одбележува 50-от роденден на еден од најголемите културни херои: цртаниот воин Астерикс.

Откако првите епизоди од мустаклијата Астерикс и неговиот помошник Обеликс се појавија во стрип-списанието „Пилот", стриповите се продадоа во преку 300 милиони примероци низ цел свет.

Стрипот сега е преведен на преку сто јазици и има голем број љубители.

Дејствието се случува во 50-та година пред нашата ера и ги раскажува авантурите на Галите во борба против римските војски на Јулиј Цезар.

Годишнината која паѓа точно на 29 октомври, се одбележува со нова книга, мјузикл, семинар на универзитетот Сорбона и маскирана забава.

Во една станбена зграда во париското предградие Бобињи, со откривање на плоча е означено родното место на јунакот.

Негов автор е Алберто Удерцо, уметник роден во Италија, кој заедно со сценаристот Рене Госини ја создаде идејата на терасата од неговиот стан во зградата.

Вчера излезе нов албум, 34-ти во серијалот, под наслов „Роденденот на Астерикс и Обеликс - Златната книга“.

За Французите, кои стриповите ги земаат мошне сериозно, Астерикс е речиси легенда.

Не само што е плоден и редок културен извоз, (325 милиони изданија на 107 јазици) туку и точно го отелотворува националниот имиџ.

Ако модерна Франција сака да се види себе си како тврдина опколена од империјалните сили на глобалниот американизам, кој друг би го претставил тоа подобро од малиот Гал со навика да им се потсмева на римските војници.



 

ПОКРОВИТЕЛ

ДОСЕГАШНИ ИЗДАНИЈА

Автори

Forum